Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, упати телеграма со сочувство до семејството на починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски и граѓаните на Охрид. Во неа тој изразува жалење за прераната смрт на Стојаноски, која според него е голема загуба за општеството.

Заминувањето од овој свет на човек со таков интелектуален капацитет, висок професионалец во секоја сфера во која даде својот придонес, човек во полна смисла на зборот, одговорен татко и заштитник на градот, е тажна и болна загуба за граѓаните на Охрид, за сите што некогаш споделиле само миг или цел живот со него, меѓутоа е и огромна загуба за целото општество. – се истакнува во телеграмата на спикерот Џафери.

OhridNews