Времто денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер (над 80км/ч, а на планините и над 100км/ч). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат значително повисоки, на повеќе места ќе достигнат над 20 степени.

 

Утре кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд, и формира УХМР Македонија.

OhridNews