„Аfro Gitano” претставува нов музички проект на генијалниот и светски познат гитарист Тони Китановски, заедно со популарниот хип-хоп диџеј Гоце САФ и Баба Сисоко – вокалист, мултиинструменталист и неприкосновен крал на тапани (talking drum), кој доаѓа од западноафриканската земја Мали.

По договорените настапи на меѓународни фестивали и во реномирани концертни сали како загребски Лисински, Цанкаријев Дом во Љубљана, Марибор, Софија и во Италија, овојпат настапуваат и во Охрид во култниот Џез Ин, во петок (18 септември) од 22:00 часот.

Спремете се за фузија на афрички ритам, џипси соул и хип-хоп и секако понесете чевли за танцување! – посочуваат организаторите.
OhridNews











