Пена парти не треба да се организираат во водите на Охридското Езеро, велат стручните лица. Тие укажуваат дека пената која се употребува за забава не е опасна за човекот, но може да имаат далекусежни последици по еко системот.
-Тој агенс е направен од алкал радикали, односно тешко разградливи материи кои што остануваат подолго време во езерото и некои подлабоки научни анализи секако би покажале оштетување и загадување на Охриското Езеро, објаснува Сашо Точков од Заводот за здравствена заштита во Охрид.
Според него пена парти не треба да се прави во водите на Охридското Езеро, посочувајќи дека вакви забави насекаде во светот се организираат во дискотеки и клубови.
Таканаречените пена парти ова лето се дел од понудата на охридските плажи.