Претставници на патнички агенции од Охрид, Струга и албанските градови Корча и Поградец денеска во Охрид ќе одржат работен состанок во рамките на проектот „Со работа во руралните средини инвестираме  во иднината”.

Проектот со поддршка на Европска Унија како дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија го спроведуваат невладината организација Парумба МКД од Струга заедно со својот партнер Фондација за поддршка на претпријатија – Охрид и партнер организацијата – Фондација Табита од Корча.

Целта на проектот е подобрување и проширување на туристичката промоција на селата Вишни, Горна Белица и Вевчани. Во рамки на проектот веќе се спроведени повеќе активности за јакнење на капацитетите за равој на селскиот туризам кај локалното население, а креирани се и  конкретни туристички понуди.

OhridNews