Приватна Агенција за обезбедување ќе го контролира влезот во стариот дел на градот каде нема да биде  дозволено движење со моторни возила без посебна пропусница. Ова го најави советникот за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикалески, кој информираше дека новиот режим на сообраќај во сила официјално стапува од денес.

Со него се предвидува ограничено движење на возилата во стариот дел на градот, а жителите од тој дел ќе можат да сообраќаат во текот на 24 часа  со специјални пропусници кои ќе ги издава Одделението за сообраќај и комунален развој при општина во Охрид.

„На ниту едно друго возило повеќе нема да му биде дозвиолено да се движи во стариот дел на градот. Проблемите кои настанаа изминатиове неколку дена повеќе нема да  ги има“, вели Шикалески.

Посебниот режим  на сообраќај во стариот дел на Охрид  ќе  важи  до завршувањето на туристичката сезона односно до 31 август.

Мики Трајковски