– До преземањето на надлежноста доаѓа по барање на локалната самоуправа, што ќе претставува голема помош за општината од финансиски аспект, изјави секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Од страна на Агенцијата за државни патишта, во текот на изминатата недела, веќе се извршени испитувања на состојбата во која се наоѓаат над 220 поставени канделабри на регионалниот пат.
– Некои од нив се без светилки, кај некои недостасуваат кабли. Сето тоа во наредниот период ќе се санира и за недела или две сите светилки ќе бидат во исправна состојба. На некои места, поради различни причини недостасуваат околу 20 канделабри, но и тие ќе бидат надоместени, се со цел осветлувањето да се одвива непречено и пред почетокот на летната туристичка сезона да се зголеми безбедноста во сообраќајот на оваа делница, изјави директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
Директорот Георгиевски додаде дека агенцијата постојано е на располагање да им помогне на локалните самоуправи, доколку тие достават проекти.
– Општината треба да достави проекти, кои потоа би се реализирале со поддршка на агенцијата. Од владатата имаме добиено заем за поддршка на локалните самоуправи и ние перманентно апелираме до градоначалниците, до нас, да доставуваат проекти, кои потоа се одобруваат од стручни консултанти по што следува реализација, објаснува Георгиевски.
На денешната средба помеѓу директорот на Агенцијата за државни патишта и секретарот на општината се разговарало и околу реализацијата на низа други проекти кои беа содржани во изборната програма на градоначалникот Никола Бакрачески.