Со став во врска со изградбата на локалниот пат Лескоц – Скребатно, што деновиве предизвика силни политички реакции, излезе Агенцијата за патишта – АП. Оттаму посочуваат дека сите локални патишта во државата се во надлежност на општините, но имајки предвид дека дел од нив не издвојуваат средства, како што е општина Охрид, за реконструкција и изградба на локални патишта, Владата издвои 100 милиони евра за оваа намена преку заем од Светска банка и Европска банка за обнова и развој, и ги презеде обврските да ги врати.
Во рамките на овие средства, посочуваат од АП, во Охрид се изградени 3 патни правци: Охрид –Велгошти, Охрид- Орман и Лескоец- Скребатно, а во тек е постапка за изградба на уште најмалку три: Горно – Долно Лакочереј. Охрид- Велестово и Охрид – Елешец- Елшани.
Оттаму велат дека Опшитна Охрид поднела барање до АП за реконструкција и изградба за неколку локални патишта вклучително и локалниот пат од с. Лескоец до с.Скребатно.
-Ваквото барање е прифатено од АП. Проектот за реконструкција и проширување на овој локален пат е поделен на 3 секции со различни ширини на трасата. Првата делница е со широчина од 4,10 м ; втората и третата е со широчина на трасата од 3,50метри. Целиот градежен зафат се состои од гребење – вадење на постојниот асфалт, обновување на носечкиот тампонски долен слој, проширување на трасата, асфалтирање со д=7см.и изградба на банкини 0,5 м, објаснуваат од АП.
Од АП посочуваат дека целиот договор првично изнесувал 25.136.360,00 ден со ДДВ . Со оглед дека во фаза на градба се побараа дополнителни градежни активности, се зголеми и вредноста на основниот договор, кој сега изнесува неполни 32.000.000,00 ден со ДДВ, за што се очекува одобрување од Европската банка за обнова и развој, велат од АП.
Посочуваат и дека општина Охрид доставила проект за градба со различна широчина на трите делници, и на своја рака за втората и третата секција каде широчината во проектот е 3,50м ја проширила и доасфалтирала само 0,50 м, што не било предвидено во проектот. Оваа инвестиција на општината изнесува околу 6.600.000ден со ДДВ, велат од АП.
-Значи инвестицијата на Владата преку Агенцијата за патишта е 32 милиони денари, а на Општината само 6, од што јасно се гледа кој го изградил патниот правец, истакнуваат од Агенцијата за патишта, која презентираше два документи, кои, според неа јасно укажувале кој колкав дел од работата завршил.