Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот со седиште во Струга ќе се реорганизира, најави директорот на Зоран Стрезовски.

– Агенцијата нема да згасне, туку и понатаму нормално ќе си функционира рече Стрезовски во изјава за „МИА“ и најави дека наскоро ќе биде формиран и национален комитет за туризам.

Во негов состав ќе влезат преставници од бројни министерства, агенции и од туристичкиот еснаф, владините потпретседатели за економски прашања и финансии, министерот за економија, министерот за транспорт и врски, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а со него ќе раководи претседателот на Владата.

– Ова тело  месечно ќе ги разгледува барањата или предложените мерки на туристичкиот еснаф. Со ваквата реорганизација  на Агенцијата ќе и се овозможи вклучување на сите фактори во туризмот. Се очекува сите проблеми кои се кочница во развојот на туризмот да бидат заеднички решавани, рече Стрезоски.

Тој, како што пренесува „МИА“,  апелираше до охридско-струшките туристички субјекти дека е време да се органзиараат во еснафи или здруженија за да ги оставрат своите  потреби. Преку националниот комитет за туризам ќе се отвораат канцаларии во странство, како што функционираат во светот.

OhridNews