Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот реагира на изјавите на претседателот на хотелската асоцијалција на Македонија, ХОТАМ,  ДончоТанески во врска со презентирањето на Македонија на Саемот за туризам во Утрехт. Оттаму укажуват дека критиките на Танески се неосновани и дека тој не присуствувал на Саемот од неговото отворање.

-Г-нот Танески на Саемот присуствуваше само последните денови и не беше тука првите денови кога  се случуваа главните промотивни активности,  се презентираа искуства од холандски туристи кои веќе биле во Македонија, кога на македонскиот штанд се заигра македонско оро и се дегустираа македонска храна и вино, па затоа дава паушална оценка за нешто на кое тој не присуствувал.- вели во реакцијата Зоран Стрезоски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Тој посочува дека постојат фотографии и видеозаписи и секој може да погледа како изгледал македонскиот штанд.

– На нашиот штанд точно е дека имаше премногу луѓе (луѓе кои беа поставени од наша страна да го опслужуваат штандот) но и претставници од македонските туристички агенции и хотели па можеби тоа му сметаше на г-н. Танески. Што се однесува  до холандските туристи мора да се знае дека ние не носиме туристи туку тоа го прават странските туроператори како „Корендон“, „ТУИ“ Холандија, „ИД Рива“ и.т.н и дека нивното доаѓање пред се е резултат  на субвенциите што нашата држава ги обезбеди за холандските туроператори, истакна Стрезоски.

Инаку, претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески, кој се наоѓа на Саемот за туризам во Утрехт Холандија, упати серизони забелешки за презентацијата на македонскиот туризам на саемот. Според него  македонскиот штанд бил слабо организиран, а недостигал и квалитетен промотивен материјал.

– Македонската штанд е мошне лошо организиран, недостасуваат промотивни материјали, нема луѓе на штандот, се на се една очајна слика. Ако требаше да чекаме Агенцијата да ни организира доаѓање гости во Македонија, сигурно и оваа година Холаѓаните немаше да ги видиме на Охридската ривиера,  посочи претседателот на ХОТАМ.
 
И покрај отворените несогласувања и Агенцијата и претседателот на ХОТАМ изразија задоволство од интересот на холандските туристи за Македонија. Според последните информации од 16 декември до денес  холандските туроператори продале речиси 2000 пакет аранжмани за Охрид и Струга, за сезоната 2011.

OhridNews