Првиот избор на Шпанија на линијата од шест метри на Европското првенство во Полска, Хулен Агинагалде отфрли трансфер во редовите на Вардар.


Иако се пишуваше за негово преселување во Јане Сандански, самиот тој ги демантираше сите гласини за заминување од полскиот шампион Киелце.

– Јас имам договор со Киелце, а и среќен сум во клубот. Не сум запознаен дека има интерес од Вардар, дефинитивно останувам во Киелце. – рече Агинагалде за македонските медиуми кои се во Полска.

Стручњаците, шпанскиот пивотмен го вбројуваат меѓу најдобрите играчи на позицијата која е најтешка и најспецифична во ракометот. 

OhridNews