Ноќеска во 01.45 часот во казино на улица „Кленоец“ во Охрид, 45 годишен жител на селото Лескоец, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и навреди кон вработените.
Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 64-годишен охриќанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.
При контрола, извршена на 15.10.2022 на пресекот на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување на такси патнички автомобил „фолксваген голф“ и констатирале дека нема соодветна лиценца за вршење јавен такси превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган. – информира СВР Охрид.
OhridNews












