Неполни 24 часа после страотната сообраќајна несреќа во холандскиот град Амстердам Серхио Агуеро проговори околу деталите и неговата здраствена состојба.
Од ударот на автомобилот во столб покрај патот аргентинскиот репрезентативец се здоби со скршеница на неколку ребра и внатрешно крварање, но избегнати се поголеми последици околу здравјето на фудбалерот и шоферот кој управувал со возилото.
– Шоферот не ја забележа кривината на време и поради брзината неможеше соодветно да намали, автомобилот почна да се лизга и удри во столб. Имам скршеници на ребата и докторите во болницата ми препорачаа да мирувам одредено време од било какви активности. – изјави Серхио Агуеро.
Првичните прогнози се дека голгетерот на Манчестер Сити ќе паузира два месеци, а детелно се уште се нема изјаснато клубот од Етихад, кој со сигурно ќе изгуби многу поради отсуството на напаѓачот.
Страотна сообраќајка на Серхио Агуеро во Амстердам
OhridNews