Претседателот на ДУИ Али Ахмети упати апел до политичките партии, медиумите и граѓанитеда не се политизира претстојниот попис на населението и домаќинствата.

-Законот за попис е усвоен од Собранието на Македонија по долга и стручна дебата на домашни и странски авторитети. Законот јасно кажува кој треба да се попише и ова прашање не треба да се политизира или да се става под прашалник овој процес. Целта на пописот е со добра намера и сите прашање и можни недоразбирања се јасно расчистени и опфатени со Законот за попис, изјави Ахмети.

Пописот треба да се спроведе од 1 до 15 октомври.