
Македонија, донесоа и порелаксирачки момент.кој треба да се искористи
добиениот простор за да се донесат големи и значајни одлуки за
Македонија, пишува лидерот на ДУИ Али Ахмети во денешен „Дневник“
„Две
децении по независноста на Македонија од југословенската федерација, 20
години по зачленувањето во ОН и 12 години од Охридскиот договор, како и
по успешната транзиција при која поминавме низ многу нешта, верувам
дека сега е времето за големи одлуки.
Од мое лично искуство, знам
дека залагањата за темелни промени не ретко се обесхрабрувачки на прв
поглед. Тие може да ги збунат граѓаните, често и аналитичарите и
коментаторите и при обидите да ги интерпретираат овие големи движења, се
обидуваат да извлечат различни толкувања за тоа дали овој „избрзан“ или
„задоцнет“ чекор е во интерес на земјава или народот. Не ретко, вакви
дебати кај нас водат и кон теории на заговор, кои толку многу ги
карактеризираат Балканците.
За мене, и верувам за мнозинството
што им посакуваат добро на народот и на оваа земја, како мир во
регионот, не станува збор за дилема дали треба да се движиме кон
евро-атлантските интеграции. Дури, ми се чини дека и утре е веќе доцна.“-пишува Ахмети.
Тој
посочува дека идентитетското прашање за некого е тешко, но за една
земја, определбата со какви вредности посакува да живее и да се
претставува, исто така преставува дел од идентитетот.
„За секоја голема цел, треба да се донесе и една голема одлука. И за двете работи, потребна е храброст. Заедничка храброст.
Ние
имавме трпение, разбирање за чувствата на мнозинството, за
чуствителноста и одговорноста на нашите политички владејачки партнери,
но и регионално и меѓународно разбирање.
Чекавме со голема
одговорност и разбирање. Но, дојден е момент кога не треба да
отсуствуваат храброста и одлуката за да се направи сж што е наша
одговорност за да ја отстраниме секоја пречка за да бидеме таму каде што
треба да бидеме – во Северноатлантскиот сојуз.
За нас, оваа одлука не може да има алтернатива.“-го изнесува својот став во „Дневник“, Али Ахмети
извор:„Дневник“












