Лидерот на Демократската унија за интеграција(ДУИ) упати честитка до православните верници во Македонија по повод големиот христијански празник Велигден.

„Велигден е празник кој што во суштината носи надеж, радост, љубов, и среќа за сите верници и ја повторува пораката која што граѓаните ја пронаоѓаат во верата како надежта, почитта, љубовта и мирот. Мултирелигиозниот карактер на Македонија е голем предизвик за општеството и преку взаемно почиттување и заедничко прославување на сите наши верски празници испраќаме одличен пример за толеранција и разбирање помеѓу заедниците, како што тоа го налага и го бара и верата од сите нас“, се вели во честитката од Ахмети до православните верници во Македонија.

OhridNews
извор: „Макфакс“