Синоќа во предворјето на хотелот „Палас“, охриѓани и бројните туристи имаа можност да се запознаат со мултимедијалниот проект „Три различни пулсирања“, како дел од фестивалот „Охридско лето“.

Проектот во суштина претставува сврзно ткиво на тројцата охридски автори, Ели Аиноска-Христовска, Билјана Ангелеска и Стевчо Наумоски, кои со своите творештва насловени како „Непознати предели“, „Срцева комора“ и „Пулсот на езерото“,  на автентичен начин во различни медиуми ги споделија своите гледишта кон човекот и природата.


Во „Непознати предели“ на Аиноска-Христовска, може да се согледа авторската преокупација со просторноста и објектноста, односно енергијата која природата му ја дава на самиот објект.

Мило ми е што после Скопје и Фиренца, изложбата се отвори во Охрид на ваков настан кој е во склоп на фестивалот Охридско лето. Интересен е самиот амбиент, кој на еден начин ги збогатува и им дава поинаква димензија на самите дела. Задоволна сум од посетеноста, а сите тројца се трудиме да ги следиме најновите токови на уметничката сцена, односно она што е ново надвор да го актуелизираме. “ – вели Аиноска-Христовска.


„Пулсот на езерото“ на Стевчо Наумоски претставуваа циклус фотографии инспирирани од човекот на една и водата од друга страна, преку кои може да се согледаат сличностите на човековата кожа и езерото.
 .
Тие сами по себе се контрасни нешта , но во суштина потекнуваат од самата природа и имаат многу заеднички работи. И самиот изглед, текстурата и површината на кожата на човекот визуелно може да биде слична и да реагира исто како површината на водата. Имаме примери за мека кожа и мирна вода, односно набабрена која што се отсликува со брановитото езеро. набабрена кожа односно на стар човек која што се отсликва на брановито езеоро. Во секој случај, троцјата автори се обидовме да ги сплотиме идеите на слични теми, кои во случајов се човекот и езерото.“ -вели Наумоски.


Концептот на просторната инсталација на Билјана Ангелеска насловена како „Срцева комора“, на љубителите на уметноста им понуди повеќе толкувања на поимот „срце“ од различни комплексни аспекти.

Идеата ми е малку да ги освестам луѓето за поинаку да размислуваат за срцето. Во денешно време, луѓето се одвлечени од она вистинска смисла на сцрето, како визуелно и физички изгледа и која му е неговата главна фунција. Самиот концепт е да надразни повеќе сетила истовремено, а визуелниот амбиент е надополнет со музика базирана на срцевите отчукување, која е специјална создадена за оваа изложба во соработка со Нино Флудер.“ – вели Ангелеска.


Инаку, на фестивалот „ДримОн“ кој од 24-28 јули ќе се оддржи во Струга, љубителите на уметноста уште еднаш ќе имаат можност да се запознаат со мултимедијалниот проект „Три различни пулсирања“.

O.T.