Во меѓувреме, актерите користат одмор очекувајќи информација од министерството за култура кои од предложените проекти се прифатени за тековната година, по што ќе се знае и со колку премиери охридскиот театар годинава ќе се претстави пред публиката.
Премиерната изведба на претставата „Ај да си речиме уште една“ се одржа во декември. Режисер на претставата која е испреплетена со стари познати народни песни кои се дел од богатото културното наследство на македонскиот народ, е Андреј Цветановски.
Во претставата настапува комплетната екипа на Народниот театар од Охрид, а како специјални гости се појавуваат и изведувачи на традиционални народни инструменти од Вевчани.