Претставата изобилува со многу комични елементи, со многу стари народни песни познати на пошироката публика кои се изведуваат во живо.
“Ај да си речиме уште една”, е авторско дело на режисерот Андреј Цветановски, и зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ.
Улогите во претставта ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Игор Георгиев. Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески, тон Филип Ангеличин Жура.
Почеток на претставата е во 20 часот, цена на билетот 100 денари.