Екипата на Цволе го понижи најтрофејниот холандски клуб Ајакс во финалето од Купот победувајќи го со 5-1. Почетокот од мечот не наговестуваше вакво нешто бидејќи Ајакс поведе со 1-0. Примениот погодок ги разбуди фудбалерите на Цволе и во продолжение од мечот го торпедираа голот на Ајакс. Трофејот од Купот е прв воопшто во историјата на Цволе, а до него стигнаа со фантастична победа.

 

Мх.П.