Охридската бела флота подготвено ги дочека Велигденските празници, кои заедно со Први мај, вообичаено се најава за главната туристичка сезона.
По студената зима, која поприлично се оддолжи, конечно и времето е на страна на бродарите и кајчарите кои се надеваат на добар промет за празниците.
-Се надеваме дека ќе биде добро. Има раздвиженост, само уште времето да даде Господ да биде убаво и ќе биде добро.– вели Ирак Каневче, управувач на катамаран.
Според прогнозата на УХМР, во Охрид денеска ќе преовладува сончево и потопло време со слаб ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 17 степени Целзиусови. За Велигден ќе биде уште потопло, минималната температура ќе се движи помеѓу 1 и 7 степени, а дневната ќе достигне до 22 степени.
OhridNews















