Кариерата на Гранит Џака во Арсенал е под голем знак прашалник, откако швајцарскиот репрезентативец бурно реагираше на свирежите упатени од симпатизерите на Емирати. Капитенот на „топчиите“, со пцовки им врати на фановите а после напуштањето на играта го слече дресот и го фрли на земја. Во прилог на Џака не отиде ниту крајниот резултатот од мечот Арсенал – Кристал Палас, кој заврши 2-2.

OhridNews