Во двата финални натпревари “Академијата Пандев“ беше подобра од врсниците од Фер Плеј. Генарацијата 1999 година во финалето триумфираше со 6-2 додека фудбалерите родени 2000 година славеа со 3-0.
– Сакам да истакнам посебна благодарност до Општината Охрид на чело со градоначалникот Александар Петрески и советникот Јоне Станкоски кои помогнаа за остварување на овој турнир. Се надевам дека турнирот нема тука да застане ќе стане традиционален и помасовен во иднина – истакна Гони Мерко, тренер на Академијата Пандев и организаторот на турнирот “Охрид куп 2013“.
За најдобар фудбалер во генерацијата 2000-та година наградата ја доби Александар Георгиески, најдобар стрелец Верон Мерко, а најдобар голман Хадис Салоски.
Во 1999 година најдобар фудбалер беше прогласен Дарко Размоски. Најдобар голгетер Абдул Јахија и за најдобар голман Александар Кочоски.