Екипите на Академија Пандев, Ренова и Пелистер ќе бидат учесниците во полуфиналето во Купот на Македонија, откако успешно ги минаа своите ривали во четвртфиналето.

Академија Пандев со нов триумф над Тетекс овој пат 4-1 и со вкупен резултат (6-1) обезбеди пласман помеѓу најдобрите четири во најмасовното клупско натпреварување.

Исто и Ренова со двојна победа го елиминираше Скопје. „Гипсарите“ во реваншот победија со 2-1, а во првиот меч славеа со 2-0, што се покажа сосема доволно за поминување на четвртфиналната пречка.

Бранителот на трофејот, Пелистер во реваншот со Победа ремизираше 2-2 и ја одбрана високата победа 5-2 од првиот натпревар.

Полуфиналистите ќе се комплетираат после одигрувањето на осминафиналниот меч помеѓу Шкупи и Вардар. Победникот од овој натпревар ќе игра со Шкендија.

OhridNews