Од следната сезона во Првата лига ќе се натпреварува и фудбалската школа на Горан Пандев позната како „Академија Пандев“. По тој повод капитенот на А селекцијата, Горан Пандев заедно со стручниот штаб на официјална пресконференција ги пренесоа плановите за дебитанскиот настап во елитата.
– Самиот пласман во Првата лига после седумгодишно постоење преставува голем успех. Нашата цел беше да работиме со млади категории и да ги насочуваме на вистинскиот пат. По одредено време се одлучивме да создадеме прва екипа која за кратко време ги помина сите граници и стигна во Првата лига. Целта во Првата лига ни е стабилност, а сето тоа од кадар на млади фудбалери. – рече Пандев.
Сопственикот на клубот Пандев најави неколку новитети, односно одржување на Горан Пандев Куп, фудбалски камп во Скопје, Струмица и Охрид и отварање на фудбалски школи ширум Македонија.
OhridNews