Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, на својата седница, одржана на 18- ти ноември донесе одлука за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2014   година за    највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето       на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес  на Република Македонија.

Во областа на културата и уметноста  наградата му се доделува на академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност.

Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на: проф.д-р Амет Шериф, историчар и проф. д-р Велимир Стојковски, биохемичар.

Наградата на добитниците ќе биде врачена на 8 декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија .

OhridNews