Во јуни месец во Охрид, според најавите од Македонската академија на науките и уметностите, ќе се одржи заедничка конференција на која што ќе присуствуваат преставници од повеќе академии од регионот, кои што ќе разговараат за повеќе теми.

Од МАНУ не ја исклучуваат можноста од конференцијата да произлезе и идејата за одржување на Регионална Асоцијација на академиите. Се најавува и формирање на Совет на академици од Македонија и Албанија кои што ќе разговараат од научен аспект за повеќе проблематики, а меѓудругото и за енциклопедијата. Досега во врска со енциклопедијата добиени се многу сугестии, критики и предлози и во моментот кога ќе се премине во фаза на нејзино разгледување од МАНУ информираат дека ќе ја запознаат јавноста.

OhridNews