Петтиот „Акатист на Пресвета Богородица“ ќе се служи денеска во 17 часотво црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид. Ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
На 1 април 2012 година (недела), во манатирот „Свети Климетн и Пантелејмон“ – Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Петтата недела од Велигденскиот пост која е посевтена на „Света Марија Египетска“. Со литургијата која почнува во 9.00 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.