Shilla cofee & bar

Од 01.10.2020 - 09:00 до 31.10.2020 - 23:59

Културолошката иницијатива „5до12“ покрена акција за донирање употребливи компјутери, лаптопи, таблети, кои потоа ќе бидат дадени на ученици кои немаат услови за нормално следење на онлајн настава.

Вашите компјутери, лаптопи, таблети можете да ги донирате во кафе- барот Шила секој ден во нивното работно време, од каде потоа во контакт со директорите и професорите од училиштата ќе им бидат предадени на децата чии семејства не се во можност да им обезбедат електронски уреди.

Ги замолуваме сите кои ќе донираат, да ги достават уредите во исправна состојба и истите да не бидат постари од 10 години, односно да ги имаат функциите кои се потребни за да се следи наставата.

Апелираме и до оние кои имаат неисправни уреди, доколку се во можност да ги поправат и да ги донираат. – поралуваат иницијаторите.

Акцијата е продолжена и ќе трае до 31.10.2020 година.

Контакт: 078 413 946