ЈП „Охридски Комуналец“ ќе спроведе акција за подигнување кабаст отпад.

На ден 10-ти декември, петок, ЈП „Охридски комуналец“ организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населбите „Воска“ и „ Даљан“. Со акцијата ќе бидат опфатени улиците „Гоце Делчев”, „Шар Планина”, „Крум Точков”, „Пере Тошев”, „Васил Стефоски”, „Сатеска”, „Петар Поп Арсов”, „Махмут Рифат”, „Ариф Мустафа”, „Аџи Мустафа” и „Мичо Гилиќ”, информираат од ЈП.

Додаваат граѓаните кои живеат во наведените делови од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат во утринските часови најдоцна до 8 часот на места достапни за нивните возила, со претходно пријавување на локацијата во Секторот за Механизација на тел.075-495-428.

OhridNews