Акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан ќе се организира утре информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 05.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.
Зелениот отпад, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
OhridNews












