Акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) ќе биде спроведена утре во У.З.11 Видобишта информираат од ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 12.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.

Зелениот отпад, додваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews