Акција за подигнување зелен отпад во Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала ќе биде спроведена утре информираат од ЈП Охридски Комуналец.
На ден 29.10.2022 год.(сабота) ќе се организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.10. и У.З. 6 Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 29.10.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.
Додаваат дека зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
OhridNews












