Вонредна акција за зелен отпад во насeлбата Долно Коњско ќе биде спроведена во петок информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Жителите ќе имаат можност зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 18.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.
OhridNews












