25 млади од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста” ќе учествуваат на одбележувањето на 40 години од младинската работна акција “Стрежево”-Битола и ќе им одадат почит на сите акцијаши кои несебично учествувале во изградбата на овој капитален објект – хидрооперативен систем “Стрежево”.
Акцијашкиот клуб “Брег на младоста”-Охрид интензивно се подготвува и за учество на младинската работна акција “Рибаричи 2019”- Нови Пазар, Р. Србија каде со 25 свои членови од 14- 31 јули заедно со уште 200 млади од Триглав до Гевгелија ќе работаат и ќе се дружат.
- Им благодариме на организаторите што го прифатија нашиот принцип во бригадата да има 20 млади и 5 ветерани, впрочем ние како акцијашки клуб сме пионери во возобновувањето на акцијаштвото на бившите Ју простори, велат од АК „Брег на младоста“.
OhridNews












