Акција за подигање на зелен отпад во У.З.12 „Гоце Делчев” , населба Бараки, ќе биде спроведена во сабота, 29 април. Ќе се подига отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.).

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 29.04.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од ЈП Охридски Комуналец.

Зелениот отпад, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews