ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02.10.2026 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон опфатен со улиците „Абас Емин”, „Железничка” и дел од „Туристичка”.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 02.10.2026 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурните телефони 075/495-428 и 075/397-944, велат од претпријатието.

OhridNews