ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 11.09.2026 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населба Охридати.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 11.09.2026 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944, посочуваат од претпријатието.

OhridNews