Поранешниот фронтмен на загрепската група „Парни ваљак“, Аки Рахимовски денеска ќе одржи концерт во Центарот за култура во Охрид, со почеток во 20 часот.Билетите се продаваат по цена од 300 денари на касата во Центарот.

Неповторливиот вокал кој стекна огромен број обожаватели на просторите на поранешна Југославија, деновиве е на турнеја во повеќе градови во Македонија. Заедно со неговиот нов бенд ќе ги исполни најголемите хитови што ги отпеал за време на 35-годишната кариера  со групата „Парни ваљак“.

Зад групата која ја издаде првата плоча во 1976 година остануваат  неколку златни и платинести албуми создавани во 80-те и 90-те години на минатиот век.Откако се распадна „Парни ваљак“, Аки Рахимовски ја продолжи музичката кариера и минатата година го издаде својот прв соло албум „Времето на изгубените“. 

А.Р.