“Ако има правна држава некој треба да одговара за тоа што му се прави на Езерото“
08.04.10 11:21
Нивото на Охридското Езеро кое во изминатите 4 месеци беше на граница на излевање во одредени реони, полека се нормализира, но и натаму тоа е под сериозна еколошка закана заради неодговорниот однос на граѓаните и институциите. Колекторскиот систем во одредени населби не функционира, а еколошките инциденти речиси станаа секојдневие. Последниот се случи неодамна кога во каналот Студенчишта дојде до излевање на боја за премачкување на пловни објекти.
– Тие бои се опасни затоа што создаваат одреден слој на површината на водата и спречуваат сончевите зраци да влегуваат подлабоко во водата, односно пречат на животинскиот свет. Овие материи биолошки се тешко разградливи, а некои и воопшто не се се разградливи, а некои од нив содржат и тешки метали. Сето ова е резултат на несоодветно ракување и затоа треба што поскоро да се изгради затворен објект каде пловните објекти би се носеле за поправки или бојадисување и сите отпадни води кои таму ќе се создаваат да се филтрираат и да се испуштаат во колекторскиот систем, додека амбалажата од средствата за бојадисување и заштита треба да се депонира посебно.-вели Ѓоко Зороски инженер по животна средина.
Покрај хемикалии, во езерото се излеваат и фекалии. Најсериозен проблем и натаму претставува нефункционалниот колектор. Жителите на населбата Воска алармираат дека веќе петти месец непречистените отпадни води наместо во колекторот се испуштаат директно во езерот.
– Ова е тешко кривично дело. Непречистените води од колекторот не одат во Струга во пречистителната станица туку се излеваат директно во Езерото. Доколку има правна држава, обвинител, истражни органи за ова некој треба да одговара, дали е тоа Груевски, Петрески или некој друг, одговорност мора да постои, резигнирано вели Тане Мојсоски –жител на населбата Воска.
Покрај загадувањето продолжува и узурпацијата на крајбрежјето со сечење и незаконско палење на трската и тампонирање на водните површини, а локалните моќници и градежни компании кројат нови планови за урбанизација на најатрактивните локации на езерскиот брег. Екологистите стравуваат дека доколку продолжи ваквиот неодговорен однос кон Охридското Езеро, овој природен бисер не само што ќе го изгуби својот сјај, туку може и неповратно да биде уништен, што ќе има далекусежни последици не само во туризмот и економскиот развој, туку и на квалитетот на животот во регионот.
Биохемиската лабараторија при Општата болница Охрид доби нова опрема Со истата како што посочуваат од Болницата ќе се подобри квалитетот на услугите Новиот интегриран апарат за биохемиски и имуноло...
Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“ на 11 издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Република Турција како призн...
Култното шоу „ИМПРОВОКАЦИЈА“ вчеравечер во присутво на бројна публика со исполнетост до последно место на малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев” го прослави десеттиот роденден Актерите...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.