– Двонеделната експедиција цело време беше пратена од многу силно невреме и ветрови кои на места дуваа со брзина и над 120 км. на час. Неможевме да спиеме, а шаторите низ логорите буквално ни се уриваа , вели во ексклузивната изјава за Ohridnews, Танески.

Аконкагва не му посака добредојде на Танески
Тој се обиде да го освои врвот Аконкагва преку екстремно студениот Полски глечер од северната страна на високата јужноамериканска планина. По неколкудневно чекање да се подобрат временските услови експедицијата од вториот камп кој бил лоциран на 5900 метри надморска височина на 12 февруари се обидела да се искачи до следниот камп 350 метри погоре, кој, според Танески, буквално бил разнесен од ветрот.

Во клучните моменти на одлука тој вели дека пресудила помислата на семејството, кое едвај чека да го види. „Аконкагва е тука и повторно ќе се обидам да го искачам овој врв следната година“, оптимист е Танески.
Мишко Танески во изминатите 18 месеци успеа да се искачи на шест врвови повисоки од 4000 метри, меѓу кои и Килиманџаро, Мон Блан и Ајланд Пик на Хималаите. Тој најави дека нема да се откаже од намерата да го впише Аконкагва во неговата книга на успеси.












