Актерите Јулијана Стефанова и Горан Стојаноски, денеска, остварија средба со ученици во ОУ „Св. Климент Охридски“ во рамки на проектот на УСАИД „ Со читање до лидерство“ – Вклучување на семејството и заедницата.
Тие со нив работеа на подобрување на нивните вештини и полесно совладување на читањето, а слични активности ќе има во насока на подобрување на нивните знаења од областа на математиката.
– Намера ни е да ги анимираме и вклучиме и родителите и целата заедница со цел да изградиме култура на читање и да ја подигнеме свеста на јавноста за значењето на описменувањето. За таа цел, Проектот склучи соработка со повеќе јавни личности (пејачи, глумци, спортисти) кои ќе водат заеднички активности за читање литература и изучување на математика со учениците, а тие активности се спроведуваат под насловот „Читањето и математиката се забавни’’, изјавија од училиштето.
ОУ „Св.Климент Охридски“ е меѓу 20- те училишта во Македонија кои го реализираат овој проект.
OhridNews
Фото: Емилио