Активисите од охридското Здружение за заштита помош и вдомување на животните „Анималиа“, беа дел од обуката „Законодавството на Република Македонија и статусот на животните; начини на дејствување и влијание“, што вчера се одржа во Скопје.
На настанот се дебатираше за законите со кои е казниво наслиството врз животните, постапувањата за нивна заштита, какви се можостите за лицата кои мачат или убиваат животни да одговараат и да бидат санкционирани, односно кои институции се надлежни да постапуваат.
Инаку, обуката ја организира скопското здружение „Анима Мунди“ кое е носител на проектот „Заедно за животните, заедно за граѓаните“. Истиот се спроведува во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија.
OhridNews