Деновиве локалното Здружение за заштита на животните „Анималиа” го доби првиот кафез каде привремено ќе бидат сместени бездомните животни од охридскиот регион.
„Со помош на лица од ЈП „Комуналец“ го средивме кафезот и веќе истиот го има првиот станар – булчето Мила. Добрата вест е што овие кафези се под наша контрола. Благодариме на разбирањето и добрата соработка со општината и ЈП Комуналец.“ – објавија „Анималиа“ на својот фејсбук профил.
Од ова локално здружение ги замолуваат граѓаните кои имаат можност, да помогнат во прибирање средства за купување храна наменета за бездомните животни.
OhridNews