Активистите на „Анималиа“ успешно спроведоа акција за спас на повредено куче, кое во изминативе неколку денови беше чукнато од автомобил и оставено покрај охридски улици.
Како што велат волонтерите од ова неформално локално здружение за заштита, помош и вдомување на животни, благодарение на хуманите граѓани кои се погрижиле за неговиот транспорт, кучето било префрлено во ветеринарната клиника во Скопје, каде му бил извршен соодветен хирушки зафат.
„Анималиа го одведе кучето на рентген и операција во ветеринарната клиника Анимал Медица во Скопје. Ветеринарот Дамјан убаво ја скоцка и благодарни сме ептен на него и неговиот тим за преубавиот третман и услуга. Исто така, благодарни сме и на луѓето кои ни помогнаа околу превозот, како и луѓето од Скопје, љубители на животни, кои не’ пречекаа таму и кои цело време беа со нас.“ – велат охридските активисти од локалното здружение за заштита, помош и вдомување на животни.
Оттаму информираат дека за успешно извршената операција потребни се финансиски средства, кои здружението не ги поседува со оглед на тоа што се работи за волонтери.
„Операцијата испадна успешна, ама сега ни се потребни средства за да ја платиме сметката. Затоа ве замолуваме, ако не можете поинаку да помогнете околу проблемот со безодмните животни, било од недостаток на време или шпоради професионални, семејни или други причини, еве ви можност да го направите тоа на подруг начин. Донирајте колку што можете. Мини, а и ние како здружение ќе ви речеме едно огромно благодарам.“ – апелираат од „Анималиа“.
Сите хумани граѓаните и љубители на животните можат да донираат на Денарска сметка: 200002644723228 Здружение за заштита на животни „Анималиа“ Охрид, со назнака: „Мини“.
Ohridnews