Екипите на ЈП Охридски Комуналец спроведе активности за одржување на јавната чистота на повеќе локации.
Реализирано е чистење на дива депонија во близина на метеоролошката станица, генерално чистење во Стар Град (пристапни улици и сокачиња), како и подигнување на натрупаниот отпад од езерските бранови во крајбрежниот појас плажа Грашница, месноста „На Дол” Трпејца, плажата кај Љубаништа во близина на река Черава и градски кеј, велат од претпријатието.

OhridNews












