Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со активности за одржување на јавната хигиена на повеќе локации во градот, како и средување на зелените површини. И покрај секојдневните акции се чини дека сеуште има несовни граѓани кои отпадот го одлагаат на несоодветни места.

Спроведено беше чистење на трева со шпаклање и метење на повеќе локации во градот, се чистеше од отпадот речно корито во с. Пештани, а се чистеше и косеше обрасната трева во село Косел, велат од претпријатието.

Исто така, додаваат, беше спроведно чистење и средување на локацијата после мостот, местото кое е Finish на трката Охрид Ultra Trail.

Во активностите беше опфатено и чистење и косење на тревата и на ул. „Железничка“, како и во село Лескоец.

OhridNews