Екипите на ЈП Охридски Комуналец пред големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден со голем број активности.

Се уредуваат пристапните улици и околниот простор од црквите. Вонредни активности се спроведуваат и за подигнување на расфрлан комунален отпад по крајбрежниот појас во туристичките места: Св.Стефан, Лагадин, Елешец, Пештани и Трпејца, информираат од претпријатието.

Дежурните служби, потенцираат од претпријатието, ангажирани се и за одржување на јавната чистота по кејот.

Извршено е чистење на каналот покрај СРЦ Билјанини Извори од расфрлан комунален отпад, извршено е уредување на детското игралиште во населба Црногорци, а спроведени се и активности за одржување на јавна чистота и јавно зеленило во с.Подмоље, Велгошти и населби Исток и Горно Коњско, додаваат.

Отстранета е велат и дивата настрешница во Стар Град која претставуваше опасност за граѓаните.

OhridNews