Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека поради намален притисок на водоводната линија, нивни екипи на дел од улицата „1-ва Македонска Ударна Бригада“ извршиле поставување на полиетиленско црево во должина од 200 метри, а извршено е и и преприклучување на 15 домаќинства.
Екипите се сеуште на терен, а активностите ќе бидат завршени во предвидениот рок, односно до крајот на неделата.
OhridNews