Активностите на Билатералниот секретаријат околу заштитата на сливот на Охридското Езеро се наведуваат како позитивен пример во последното издание на официјалниот Прирачник на Обединетите нации  за значајни прекугранични проекти, како водич за имплементација на Светската Конвенција за прекугранични води.

Во луксузното издание на Прирачникот на страна 37 покрај текстот за заштитата на Езерото  и за воспоставените прекугранични институционални активности и цели , се наоѓа и фотографија на Охрид што е извонредна бесплатна реклама низ светот за градот и неговото природно и културно наследство .

Билатералниот Секретаријат , со Проект за заштита на Охридското Езеро финансиран од Светска Банка, кој на македонска страна го води Дејан Пановски , во текот на 10 годишното функционирање  и во рамки на претходниот Проект,  неколку пати има обезбедено средства за вештачки мрест на пастрмката.

Во рамки на низа проекти и со средства на државата  санирана е и куќата и осветлена пештера  во НП Галичица, донесена е одука за употреба на безфосфатни детергенти против еутрофикацијата, излобирани се средства за пошумување на сливот на Сатеска, обезбедени се средства за уредување на водотекот на Грашница, средства за изработка на ЛЕАП за Охрид ,донесен е поголем Проект за заштита на Студенчишко блато, обезбеден е Дримскиот Проект чија имплементација почнува оваа пролет, изведен е проект за Номинација на Биосферен резерват Охрид Преспа под УНЕСКО,одржани се голем број едукативни средби, настани за подигање на јавна свест и промовиран е Охрид и Охридското Езеро на голем број состаноци низ светот.

Сето тоа , придонело за сврстување на процесот на прекугранична заштита на Охридско Езеро како еден од примерите за соработка  и  како таков е ставен во најновиот Прирачник  за прекугранично управување со води на Обединетите нации како пример кој треба да го следат и другите земји во светот.Од нашите регионални искуства посочен е исто така и примерот на трилатералното управување со Преспанското Езеро што е исто така дел од поширокиот Дримски Басен.

OhridNews